Во операција на МИТ во северниот дел на Ирак неутрализиран терорист т.н. одговорен за курири

Во реализирана стопроцентно прецизна прекугранична операција во северниот дел на Ирак од страна на Националната разузнавачка служба (МИТ) е неутрализиран терорист на ПКК/КЏК т.н. одговорен за курири и трансфер на терористи помеѓу Ирак и Сирија

1533191
Во операција на МИТ во северниот дел на Ирак неутрализиран терорист т.н. одговорен за курири

Во северниот дел на Ирак е неутрализиран терористот Хизрет Чалкин познат под кодно име „Дихлаз“ таканаречен одговорен за курири на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК.

Националната разузнавачка служба (МИТ) се здоби со разузнавачка информација за учество на состанок на т.н. висок член терорист по име Хизрет Чалкин внесен во списокот на барани терористи во категоријата означена со сива боја, т.н. одговорен за координирање на трансферот на терористи на ПКК/КЏК, помеѓу Ирак и Сирија.

Терористот Хизрет Чалкин од страна на разузнавачките елементи на МИТ на теренот беше внимателно следен во чекор до местото на одржување на состанокот и притоа беше установено дека се состанал со група други терористи.

Во реализираната операција за време на оддржување на состанокот во северниот дел на Ирак, со стопроцентна прецизност се неутрализирани терористот Хизрет Чалкин познат под кодно име „Дихлаз“ и другите терористи кои присуствувале на состанокот со него.



Слични вести