Турција издаде „NAVTEX“ за 6 острови во Егејското Море

Турција објави три одделни навигациски информации „NAVTEX“ (поморски предупредувачки белешки) во врска со 6 острови во Егејското Море за кои предупреди дека се наоружуваат во спротивност со меѓународното право и меѓународните договори

1533630
Турција издаде „NAVTEX“ за 6 острови во Егејското Море

Турција издаде „NAVTEX“ (поморска предупредувачка белешка) за 6 острови во Егејското Море.

И покрај напорите на Турција за дијалог во насока на намалување на затегнатоста, Грција продолжува да фрла чекори во спротивност со меѓнародното право и меѓународните договори.

Властите во Атина испратија воена опрема и оружје на островите Сакиз (грчки Хиос), Сисам (грчки Самос), Семадирек (грчки Самотраке или Самотракија), Лимни (грчки Лимнос), Ахикерија (грчки Икарија) и Батноз (грчки Патмос).

Турција објави три одделни навигациски информации „NAVTEX“ (поморски предупредувачки белешки).

Во објавеното соопштение од Одделот за навигациска хидрографија и океанографија во Измир се истакнува дека се прекршува статусот на демилитаризација на островите Ахикерија (грчки Икарија) и Батноз (грчки Патмос) чија статус е определен со Лозанскиот мировен договор од 1923 година и Парискиот договор од 1947 година.

Во вториот издаден „NAVTEX“ (поморска предупредувачка белешка) се вели дека се прекршува статусот на демилитаризација на островите Семадирек (грчки Самотраке или Самотракија) и Лимни (грчки Лимнос) чиј статус е опредделен со Лозанскиот мировен договор од 1923 година.

Во третиот издаден „NAVTEX“ (поморска предупредувачка белешка) исто така од станицата во Измир се нагласува дека се прекршува статусот на демилитаризација на островите Сакиз (грчки Хиос) и Сисам (грчки Самос) чиј статус исто така е опредделен со Лозанскиот мировен договор од 1923 година.

 



Слични вести