Таксист во Истанбул му ги врати на сопственикот заборавените 300 илјади евра во неговото возило

Таксист во Истанбул кој носел муштерија од Истанбулскиот аеродром до хотелот во кој ќе престојувал му ги врати на сопственикот заборавените 300 илјади евра во неговото возило

1533103
Таксист во Истанбул му ги врати на сопственикот заборавените 300 илјади евра во неговото возило

Еден таксист во Истанбул му ги предаде на сопственикот 300-те илјади евра кои што ги најде во своето возило, а кои биле заборавени од страна на еден муштерија.

Еден таксист кој земал муштерија, лице со странско државјанство, од Истанбулскиот аеродром, откако го оставил во хотелот во кој ќе престојува, на задното седишта на своето возило видел заборавена чанта.

Тексистот ја отворил чантата во која имало 300 илјади евра.

Веднаш го побарал хотелот во кој го однел својот муштерија и заборавената чанта со 300 илјади евра му ја предал на сопственикот.



Слични вести