Протестна нота од Турција до ЕУ, Италија и Германија за незаконскиот претрес на товарниот брод

Амбасадорите на ЕУ и Италија и вршителот на должноста амбасадор на Германија во Анкара беа повикани во МНР кадешто им беше врачена протестна нота во врска со реализираниот незаконски претрес на турскиот товарен брод, во операцијата „Ирини“

1533004
Протестна нота од Турција до ЕУ, Италија и Германија за незаконскиот претрес на товарниот брод
dışişleri 3.jpg

Турција упати протестна нота во врска со незаконскиот претрес на турскиот товарен брод од страна на операцијата „Ирини“.

Амбасадорите на Европската унија (ЕУ) и Италија и вршителот на должноста амбасадор на Германија во Анкара беа повикани во Министерството за надворешни работи кадешто им беше врачена протестна нота во врска со реализираниот незаконски претрес на турскиот трговски товарен брод, во операцијата „Ирини“.

Во објавеното соопштение од турското Министерство за надворешни работи се истакнува следното: „Беше протестирано против истоварувањето на нашиот трговски брод 'Roseline-A' во рамките на операцијата 'Ирини' без да се добие дозвола за тоа од нашата земја под чие знаме пловеше и извршената контрола, и притоа им беше врачена нота на поврзаните земји со тоа. Во нашата врачена протестна нота е регистрирано дека случајот е извршен во спротивност со меѓународното право и дека воедно се задржуваат и нашите права за барање обештетување.“ 

Инаку, една германска фрегата на задача во операцијата „Ирини“ којашто се реализира под команда и раководство на грчки командант сопре турски товарен брод којшто превезуваше храна, боја и други разни материјали со хуманитарн апомош од Турција за Либија и притоа спротивно на меѓународното право со часови вршеше претрес на бродот.



Слични вести