Порака од претседателот Ердоган по повод 24 Ноември - Денот на учителите

Претседателот Ердоган објави порака по повод 24 Ноември - Денот на учителите во Турција во која им го честита овој значаен ден на сите просветни работници

1533419
Порака од претседателот Ердоган по повод 24 Ноември - Денот на учителите

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган објави порака по повод 24 Ноември - Денот на учителите во Турција во која им се заблагодари во свое лично име и во името на народот и земјата на сите учители кои вршат една многу респектабилна и драгоцена, а во толкава мера и тешка професија, која истовремено бара и голема одговорност.

Ердоган рече дека со зголемување на можностите на Турција ќе продолжат да ги поддржуваат просветните работници (учителите) од финансиски и социјален аспект.

Нагласувајќи дека учителот е оној кој го едуцира и просветува, а воедно со трпеливост го обликува и го извлекува најдрагоценото (најдоброто) кај својот ученик, претседателот Ердоган напомена дека лично знае оти до целта за силно општество и силна Турција може да се постигне само со една квалификувана генерација и со посебна, оригинална и национална образовна политика. 

„Зајакнувањето на финансиските и социјалните можности за нашите учители кои се носечки столб на нашиот образовен систем, и ставањето во нивна услуга на средина за работа во спокојство и безбедност, сметаме дека се наша обврска и задача. Со зголемување на можностите на Турција ќе продолжиме да ги поддржуваме првенствено нашите учители (просветни работници).“ - порача Ердоган.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во овој значаен ден кога се отворени Народните школи и кога на Гази Мустафа Кемал Ататурк му е дадена титулата Главен учител, им се заблагодари на сите учители кои ја извршуваат својата професија внатре во земјата и надвор во странство,

Ердоган во пораката им го честита 24 Ноември - Денот на учителите, на сите просветни рабтоници.

 

 

 



Слични вести