Операцијата „Ирини“ призна дека е извршен незаконски претрес на турскиот товарен брод

Во објавеното писмено соопштение од командниот центар на операцијата „Ирини“ во Рим, се признава дека извршениот претрес на турскиот товарен брод во Средоземното Море, е незаконски

1533077
Операцијата „Ирини“ призна дека е извршен незаконски претрес на турскиот товарен брод

Командниот центар на операцијата „Ирини“ призна дека извршениот претрес на турскиот товарен брод во Средоземното Море, е незаконски.

Од страна на командниот центар на операцијата „Ирини“ во главниот град на Италија, Рим, е објавено писмено соопштение во врска со извршениот претрес на турскиот товарен брод и притоа се вели дека претресот беше извршен без одобрение на земјата под чие знаме плови бродот, односно Турција, а што е пак во спротивност со меѓународното право.

Во соопштението стои следното: „Операцијата 'Ирини' се истовари на товарниот брод по име 'Roseline A' којшто пловеше под турско знаме и изврши контрола (пребарување) во врска со ембаргото за оружје кон Либија, во рамките на применувањето на резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) број 2292 и 2526.“

Во соопштението се тврди дека во усогласеност со резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) операцијата „Ирини“ како што се вели „вложи добронамерни обиди“ за да се добие одобрение од државата под чие знаме плови бродот и се наведува следното: „Екипата на германската фрегата Хамбург која не можеше да добие одговор од државата под чие знаме плови бродот, на приближно 160 морски милји северно од пристаништето на Бенгази во меѓународните води се истовари на бродот. Капетанот и посадата на бродот за време на истоварувањето покажаа отворен став за соработка. Откако државата под чие знаме плови бродот информираше дека не дозволува да се пребарува бродот, операцијата 'Ирини' ги сопре активностите за претрес во кои не беа забележани никакви траги од незаконски материјали на бродот и бродот беше оставен да го продолжи својот пат.“

Во соопштението се истакнува дека операцијата „Ирини“ е дел од ветувањето на Европската унија (ЕУ) за поддржување на Берлинскиот процес кон Либија (од јануари 2020) и се наведува дека во согласност со поврзаните резолуции на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) располага со надлежност да врши контрола на бродовите коишто пловат на творени мориња од за кои постои сомневање дека носат оружје или поврзани материјали за Либија и од Либија.

Во меѓувреме, наспроти објавеното соопштение од страна на операцијата „Ирини“ на снимките од безбедносните камери на бродот и снимките снимени од страна на персоналот на турскиот товарен брод внимание привлече острата интервенција на германските војници врз персоналот на бродот.

 



Слични вести