Министерот за национална одбрана Хулуси Акар: Операцијата „Ирини“ уште од почетокот е родена осакатена

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека операцијата „Ирини“ од чија страна беше извршен незаконски претрес на турскиот товарен брод „ROSALINA-A“ кој превезуваше хуманитарна помош за Линбија, уште од почетокот е родена осакатена

1533569
Министерот за национална одбрана Хулуси Акар: Операцијата „Ирини“ уште од почетокот е родена осакатена

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар одговараше на поставените прашања на новинарите кадешто истакна дека операцијата „Ирини“ којашто се реализира во Источниот Медитеран не се темели на здрава основа од аспект на меѓународното право.

Акар нагласи дека операцијата „Ирини“ за контролирање на испораката на оружје на Либија уште од почетокот е операција која е родена осакатена и го рече следното: „(Оваа операција) не се темели на здрави темели од аспект на меѓународното право.“

Во врска со незаконскиот претрес на турскиот товарен брод, министерот Хулуси Акар рече: „За жал изјавите на нашите сојузници не ја одразуваат целосно вистината, некои вистини се искривуваат.“

Инаку, товарниот брод „ROSALINA-A“ кој пловеше под турско знаме и беше натоварен со хуманитарна помош од Истанбул отплови за Либија.

Бродот, прексиноќа спротивно на меѓународното право беше сопрен во меѓународните води југозападно од Пелопонескиот Полуостров од страна на една германска фрегата на задача во операцијата „Ирини“ која инаку се реализира под команда и раководство на грчки командант од Поморските сили на Грција.

Војниците кои го принудеа бродот да ја намали својата брзина и го попречуваа да плови, без да се добие одобрение  (дозвола) од Турција и непридржувајќи се кон сите приговори дека ваквиот начин на постапување не е правен, се истоварија на бродот кадешто почнаа да ги отвараат и пребаруваат сите контејнери.

Ваквата интервенција којашто и покрај декларирањето на капетанот на бродот во врска со содржината на товарот што се превезува, беше започната само поради сомнение и траеше доцна по полноќ, по што конечно беше сопрена по инсистирачките приговори на Турција. 

Вооружените војници чекаа до утрото, а потоа го напуштија бродот.

Операцијата „Ирини“ е во својство на дискутабилна операција којашто е започната од страна на Европската унија (ЕУ) во Средоземното Море, со цел контролирање на ембаргото на Обединетите нации (ОН) за оружје кон Либија.



Слични вести