Мевлут Чавушоглу: ЕУ ако успее да ги разбере своите грешки од тоа ќе профитира цела Европа

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека се очекува од Европската унија (ЕУ) да ги разбере своите грешки и да ја согледа вредноста којашто ќе и го придаде членството на Турција

1533336
Мевлут Чавушоглу: ЕУ ако успее да ги разбере своите грешки од тоа ќе профитира цела Европа

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во своето излагање пред Комисијата за планирање и буџет во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) го претстави буџетот на Министерството за надворешни работи за 2021 година.

Чавушоглу истакна дека се очекува од Европската унија (ЕУ) да ги разбере своите грешки и да ја согледа вредноста којашто ќе и го придаде членството на Турција.

Велејќи дека случувањата коишто се доживуваат во Источниот Медитеран и Егејското Море влијаат и на односите на Турција со Европската унија (ЕУ), Чавушоглу рече: „Двојката Грција и Кипарско-грчката управа не е сама. Некои членки своите билатерални односи со нашата земја ги носат во Европската унија (ЕУ). Ја ставиле маската на таканаречена солидарност меѓу членките. Постојано вршат занемарување против нас.“

Мевлут Чавушоглу нагласи дека Европската унија (ЕУ) треба да се врати од оваа грешка и продолжи со следните зборови: „Ако успеат да го направат тоа од нашата соработка ќе профитира цела Европа. А ако не успеат од тоа ќе претрпе штета цела Европа. Очекуваме од Европската унија (ЕУ) да ги разбере грешките што ги направи и да ја увиде вредноста којашто ќе и го придаде на Унијата членството на Турција. Во тој случај веруваме дека би можела да се воспостави попродуктивни врска и за двете страни. Во нашите разговори со ЕУ во оваа насока ја нагласуваме нашата желба за конструктивен дијалог.“

Подвлекувајќи дека Турција не е сама по ова прашање, Чавушоглу рече дека мнозинството меѓу членките на ЕУ го сочинуваат земјите кои ја сфаќаат праведноста на овие предупредувања и кои се свесни за значењето на дијалогот со Турција за стабилноста на Европа.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во своето излагање се осврна и на тоа дека продолжува присуството на предизвиците и потенцијалните прилики со коишто се соочуваме во односите со Соединетите Американски Држави (САД), во врска со што напомена дека и покрај разидувањата во размислувањата во однос на прашања коишто ги засегаат регионалниот мир и безбедноста во Сирија и особено во Либија, Турција делува со консултација и во координација со својот НАТО сојузник Соединетите Американски Држави (САД).

 



Слични вести