Во руралното подрачје на Мардин се неутрализирани тројца терористи

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во реализирана операција од страна на жандармеријата поддржана од воздух во руралното подрачје на градот Мардин во рамките на операцијата „Молња-8“ (Yıldırım- 8), се неутрализирани тројца терористи

1532878
Во руралното подрачје на Мардин се неутрализирани тројца терористи

Во објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи се истакнува дека во реализирана операција од страна на жандармеријата поддржана од воздух во руралното подрачје на градот Мардин во рамките на операцијата „Молња-8“ (Yıldırım- 8), се неутрализирани тројца терористи.

Како што е установено, едниот од тројцата неутрализирани терористи се наоѓал во списокот на барани терористи од категоријата означена со сива боја, терористот М.О, познат под кодното име Ребер кој бил т.н. одговорен на сепаратистичко-терористичката организација ПКК за Даргечит.

Во меѓувреме, Министерството за внатрешни работи соопшти дека како резултат на активностите за убедување четворица терористи кои избегале од ПКК им се предадоа на безбедносните сили.

Во соопштението се истакнува дека е установено оти предадените терористи се приклучиле кон организацијата во периодот 1997-2018 година и делувале во Сирија, Иран и Ирак, а воедно се нагласува дека како резултат на активностите за убедување бројот на терористите кои се предадоа од 1 јануари досега се зголеми на 210 лица.



Слични вести