Турција остро го осуди незаконскиот претрес на бродот
Остро го осудуваме незаконското задржување на нашиот брод од предвидената рута на патување и тоа со часови и под тешки временски услови, кој беше утврдено дека не го наруши ембаргото за оружје

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој во писмената изјава во врска со незаконскиот претрес на турскиот брод во Медитеранот рече дека тие протестираат против овој чин, кој е извршен без овластување и со употреба на сила.
Аксој во изјавата рече:
„Остро го осудуваме незаконското задржување на нашиот брод од предвидената рута на патување и тоа со часови и под тешки временски услови, кој беше утврдено дека не го наруши ембаргото за оружје, како и фактот дека за време на контролата, персоналот се третираше како криминалци. Изразуваме протест против овој неовластен чин при што е употребена и сила. Секако и природно дека ќе биде задржано правото на компензација и обесштетување. Од суштинско значење е при евентуалната контрола или интервенција на трговски бродови во меѓународните води да се добие согласност од државата под чие знаме плов бродот. Резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации во врска со ембарго за оружје врз Либија, не ја укинува оваа обврска“.
Бродот РОСЕЛИНА-А кој пловеше под турско знаме, пренесуваше хуманитарни материјали и на пат за Либија тргна од Истанбул.
Бродот беше пресретнат синоќа под команда на еден командант на грчката морнарица со кршење на меѓународното право во југозападниот дел на Пелопонез од германска фрегата во рамките на операцијата „Ирини“.
Со намалување на брзината на бродот, војниците ја блокираа пловидбата, без да се земе одобрение од Турција, сите контејнери на бродот нелегално беа отворени и покрај сите предупредувања.
И покрај изјавата на капетанот на бродот за природата на товарот, интервенцијата којашто започна под нејасно сомневање и продолжи по полноќ, беше прекината дури упорните приговори на Турција. Вооружениот персонал кој на трговскиот брод чекаше до раните утрински часови, бродот го напуштија дури наутро.