Турција е решителна во стекнувањето со рамноправна позиција во меѓународниот климатски режим

Турција придава големо значење на борбата против климатските промени која претставува  глобален проблем

1532250
Турција е решителна во стекнувањето со рамноправна позиција во меѓународниот климатски режим

 

Турција соопшти дека е решителна да се стекне со рамноправна и правична позиција во меѓународниот климатски режим.

Портпарол на Министерството за надворешни работи Хами Аксој во врска со решителноста на Турција за стекнување со праведна позиција во рамките на борбата против климатските промени, објави писмен одговор на заложбата за забележување во Декларацијата на лидерите на Г20.

Аксој, рече дека Турција придава големо значење на борбата против климатските промени која претставува  глобален проблем и во тој контекст, пружа активен придонес на глобалното дејствување против климатските промени.

Потсетувајќи дека историската одговорност на Турција во врска со глобалните емисии на стакленички гасови е помалку од 1 процент и дека е земја во развој, Аксој рече:

„Турција е далеку од нејзината позиција предвидена со примената на Париската конвенција која претставува средство за спроведување на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени“.

Ставот на Турција кон оваа рамка, беше изнесен во анексот на Декларацијата на Самитот на лидерите на Г20, што се одржа на 21-22 ноември 2020 година под покровителство на Саудиска Арабија, рече Аксој и додаде:

„Ова прашање, кое претходно беше се најде во Декларацијата на министрите за енергетика, сега е регистрирано во Декларацијата на Самитот на лидерите на Г20 со согланоста на сите земји. На тој начин, со цел да се осигура дека нашата земја може да придонесе повеќе за меѓународно дејствување во борбата против климатските промени, уште еднаш беше подвлечено на определбата за постигнување и стекнување рамноправна и праведна позиција во меѓународниот климатски режим“.



Слични вести