Фуат Октај: Операцијата Ирини со извршениот незаконски претрес уште еднаш потврди дека е пристрасна

Потпретседателот Фуат Октај, во врска со извршениот незаконски претрес на турскиот трговски брод кој пловеше од Турција за Либија, го рече следното: „Операцијата Ирини со последната операција уште еднаш потврди дека е пристрасна“

1532888
Фуат Октај: Операцијата Ирини со извршениот незаконски претрес уште еднаш потврди дека е пристрасна

Потпретседателот Фуат Октај на својот профил на социјалната мрежа Твитер покажа реакција против извршениот претрес на турскиот трговски брод кој превезуваше товар за Либија, а кој спротивно на меѓународното право беше сопрен во водите на Источниот Медитеран и беше претресен.

Октај, во врска со незаконскиот претрес на турскиот трговски брод кој пловеше од Турција за Либија, го рече следното: „Операцијата Ирини со последната операција уште еднаш потврди дека е пристрасна.“

„Операцијата Ирини којашто ја започна Европската унија (ЕУ) без да се консултира со легитимната либиска влада, НАТО и нашата земја, со последната реализирана операција уште еднаш потврди дека е пристрасна. Жестоко ја осудувам оваа незаконска интервенција којашто е реализирана од страна на една германска фрегата врз нашиот товарен брод, во рамките на оваа дискутабилна операција (Ирини) од чија страна не се врши контрола на поддршката во оружје што му се доставува на пучистот Хафтар, а спротивно на тоа има за цел да ја каџзни легитимната либиска влада.“

Инаку, еден турски товарен брод кој превезуваше храна, боја и други разни материјали од Турција за Либија, спротивно на меѓународното право беше сопрен во водите на Источниот Медитеран и беше претресуван со часови.

Операцијата „Ирини“, претставува дискутабилна операција којашто е започната од страна на Европската унија (ЕУ) во Средоземното Море, а како што се наведува за контролирање на ембаргото на оружје на Обединетите нации (ОН) кон Либија.

 



Слични вести