Борбата на Турција против Ковид-19: Регистрирани 153 смртни случаи, 6.713 новозаразени

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 153 лица, регистрирани се 6.713 новозаразени, оздравеа 3.254 пациенти; Досега починаа вкупно 12.511 лица, инфектирани се 453.535, а оздравеа 377.891 лице

1532926
Борбата на Турција против Ковид-19: Регистрирани 153 смртни случаи, 6.713 новозаразени

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа се регистрирани 153 смртни случаи.

Бројот на починатите од почетокот на епидемијата досега достигна до 12.511 лица.

Во изминатите 24 часа се направени 161.125 тестирања од кои се дијагностицирани 6.713 новозаразени.

Вкупниот број на регистрирани случаи на зараза од коронавирусот (Ковид-19) изнесува 453.535 лицa.

Со отпуштање од болница на уште 3.254 излекувани, вкупниот број на оздравени пациенти од Ковид-19 во Турција се зголеми на 377.891 лице.

Во меѓувреме, се забележува брз напредок и во активностите за развивање на домашна вакцина против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Министерот за здравство Фахреттин Коџа на својот профил на социјалната мрежа Твитер информираше во врска со активностите за развивање на домашната вакцина.

Министерот Фахреттин Коџа напиша: „Во испитувањата во првата фаза на вакцината против Ковид-19 која е развиена на Универзитетот Ерџијес со поддршка на Раководството на институциите за здравство на Турција (TÜSEB), е применувана вакцина на 44 доброволци. Досега не се согледани одредени сериозни несакани ефекти. Втората доза вакцинирање ќе се применува во периодот од 26 ноември до 14 декември. Има уште 15 кандидати за вакцина од кои ќе ви дадам радосни вести.“

 



Слични вести