Претседателот Ердоган: Турција е земја која 6 години како е домаќин на најголем број бегалци
Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа преку линк во живо на Лидерскиот самит на Г-20 истакна дека Турција е земја која 6 години како е домаќин на најголем број бегалци


Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган од дворецот Вахдеттин во Истанбул преку линк во живо учествуваше на Лидерскиот самит на Г-20 чиј домаќин е Саудиска Арабија, а кој поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се одржува преку видеоконференција.
Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа истакна дека пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) продлабочи уште повеќе голем број проблеми, на чело со сиромаштијата и нееднаквоста.
Ердоган појасни дека Турција е земја која во последните 6 години е домаќин на најголем број бегалци.
Велејќи „Турција е земја која во последните 6 години е домаќин на најголем број бегалци“, претседателот Ердоган нагласи дека треба да бидат зајакнати финансиските извори кон регионите подложени на влијанието на војната и кон општествата коишто се наоѓаат под ризик.
Тој напомена дека Турција е единствената земја членка на НАТО која војува гради в гради (директно) против терористичката организација ДЕАШ во Сирија, а воедно подвлече дека Турција прави се што е во нејзина можност во точката на елеминирање на заканата од тероризмот, спречувањето на споровите и зајакнувањето на стабилноста.
Претседателот Ердоган истакна дека и покрај тоа што е оставена сама Турција до денеска фати приближно 9 илјади странски терористи и ги врати назад во нивните матични земји.
Појаснувајќи дека Турција дава активен придонес и во борбата против климатските промени, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Додека се води борба против загадувањето на животната средина и климатските промени не треба да се дозволи да дојде до нови неправди, нови двојни стандарди.“