На северот на Ирак и Сирија се неутрализирани 6 терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во северниот дел на Ирак и во подрачјето на операцијата Извор на мирот во северниот дел на Сирија се неутрализирани 6 терористи

1532149
На северот на Ирак и Сирија се неутрализирани 6 терористи

Во реализирани операции во северниот дел на Ирак и во подрачјето на операцијата Извор на мирот во северниот дел на Сирија се неутрализирани 6 терористи.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека во областа Авашин во северниот дел на Ирак се неутрализирани двајца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК за кои е установено дека се подготвувале за напад.

Во истото соопштение се вели дека со артилериски оган се неутрализирани и четворица терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ кои се обиделе да се префрлат во подрачјето на операцијата Извор на мирот во северниот дел на Сирија.



Слични вести