Задачата на бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ во Источниот Медитеран продолжена до 29 ноември

Според издадениот нов „NAVTEX“, активностите на бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ во Источниот Медитеран се продолжени до 29 ноември и бродовите „Атаман“ и „Џенгизхан“ ќе продолжат да го придружуваат „Оруч Реис“ за време на овие активности

1531770
Задачата на бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ во Источниот Медитеран продолжена до 29 ноември

Објавена е нова навагициска информација „NAVTEX“ (поморска предупредувачка белешка) според која бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ ќе врши сеизмички истражувања во определената зона во Источниот Медитеран до 29 ноември.

Според издадениот нов „NAVTEX“, времетраењето на активностите на бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ во Источниот Медитеран е продолжено до 29 ноември и бродовите „Атаман“ и „Џенгизхан“ ќе продолжат да го придружуваат „Оруч Реис“ за време на овие активности. 

Претходно беше соопштено дека „Оруч Реис“ ќе реализира истражувања во определената зона во Источниот Медитеран до 23 ноември.

Инаку, бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ на чело со пребарувања на природни ресурси во континенталниот гребен може да реализира секој вид геолошки, геофизички, хидрографски и океанографски истражувања.

На бродот „Оруч Реис“ кој е едниот од ретките целосно опремени и повеќенаменски бродови за истражување можат да се вршат воедно и дводимензионални и тродимензионални сеизмички, гравитациски и магнетни геофизички истражувања во морето. 

„Оруч Реис“ може да реализира тродимензионални сеизмички операции на длабочина до 8.000 метри и дводимензионални сеизмички операции на длабочина до 15.000 метри во морето.



Слични вести