Претседателот Ердоган: „Турската вакцина ќе ја понудиме на услуга на целото човештво“

Платформата Г20 треба да подготви функционални механизми кои ќе обезбедат прифатлив и правичен пристап до вакцините за сите

1531864
Претседателот Ердоган: „Турската вакцина ќе ја понудиме на услуга на целото човештво“

Претседателот Реџеп Таjип Ердоган рече дека „Вакцината којашто Турција ќе ја произведе во рамките на борбата против новиот вид на коронавирусот (Ковид-19) ќе ја понудиме на услуга на целото човештво“

Ердоган од канцеларијата во палатата Вахдеттин во Истанбул преку видео конференција учествуваше на Самитот на лидерите на Г-20 со кој раководеше кралот на Саудиска Арабија, Салман бин Абдулазиз.

Претседателот Ердоган во говорот во оваа прилика рече дека светот, особено развиените земји, не го положија тестот за солидарност и меѓусебна помош за време на епидемијата на Ковид-19.

Вакцината којашто ќе ја произведе Турција ќе ја понудиме на целото човештво. Платформата Г20 треба да подготви функционални механизми кои ќе обезбедат прифатлив и правичен пристап до вакцините за сите“.

Ердоган во говорот потенцираше дека „Турција, во рамките на основните принципи на Светската трговска организација е на страната на фер глобален економски раст и просперитет и споделување.

Досега освен тоа што дониравме грантови за 15 земји-членки на Г20, исто така ги исполнивме и дозволите за набавка и извоз од нашата земја“ рече Ердоган.



Слични вести