Претседателот Ердоган: Посакуваме посилна соработка со нашите пријатели и сојузници

Претседателот Ердоган преку линк во живо говореше на 7. Вонреден конгрес на градските ограноци на својата владејачка АК Партија во Ќутахја, Афјонкарахисар, Батман и Сиирт и истакна дека посакува посилна соработка со нејзините пријатели и сојузници

1531819
Претседателот Ердоган: Посакуваме посилна соработка со нашите пријатели и сојузници

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, денеска од дворецот Вахдеттин во Истанбул преку линк во живо говореше на 7. Вонреден конгрес на градските ограноци на својата владејачка Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) во градовите Ќутахја, Афјонкарахисар, Батман и Сиирт. 

Претседателот Ердоган во оваа пригода истакна дека Турција посакува посилна соработка со нејзините пријатели и сојузници. 

Нагласувајќи дека ниту внатре во земјата ниту надвор од земјата немаат намера да водат кавга со никого, Ердоган рече: „Посакуваме да бидеме во посилна соработка со нашите пријатели и сојузници. Посакуваме од Европската унија (ЕУ) да не врши дискриминација кон нас, да не биде доведена во положба на средство за непријателства кон нашата земја. Себе си се гледаме заедно со Европа, а не на други места. Нашата иднина размислуваме да ја формираме заедно со Европа.“

Претседателот Ердоган напомена дека Турција посакува активно да ги искористува далечните и блиските сојузнички односи со САД. 

Тој рече: „Никако не можеме да ги изоставиме од вид земјите со кои имаме коренита историја како Русија и Иран. Имаме длабоки врски со исламскиот свет и турскиот свет. Никој нема право во оваа фотографија да и се заканува на Турција со целосно лажни аргументи.“

Потсетувајќи дека Турција нема проблем со ниту една земја и институција којшто не би можел да се реши преку политика, дипломатија и дијалог, претседателот Ердоган рече: „Веруваме дека ниту една поносна земја и институција нема да прифати да биде доведена во состојба на играчка во рацете на лобито и терористичките организации кои непријателството кон Турција го довеле во состојба на своја животна егзистенција.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својот говор се осврна на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во врска со што истакна дека поради порастот во бројот на случаите мораше да бидат воведени нови превентивни мерки.

„Откако ќе се скрши овој нов бран ќе дојде светла иднина. Одлучни сме развивајќи ја нашата правна инфраструктура, зајакнувајќи ги темелите на нашата економија, зголемувајќи го производството и вработувањето, да се стекнеме со добра позиција во светот што ќе се обликува по пандемијата.“ - порача претседателот Ердоган. 

 

 



Слични вести