По пат на убедување се предадоа уште двајца терористи

Министерството за внатрешни работи соопшти дека по пат на убедување се предадоа уште двајца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК

1531674
По пат на убедување се предадоа уште двајца терористи

Како резултат на активностите за убедување се предадоа уште двајца терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК.

Во објавеното соопштение од  Министерството за внатрешни работи се истакнува дека во рамките на активностите за убедување водени од страна на Генералната дирекција на полицијата им се предадоа на безбедносните сили уште двајца терористи кои избегале од сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК. 

Како што е установено, едниот од предадените терористи се наоѓал во терористичката организација 10 години, а вториот 3 години и овие двајца терористи делувале во Сирија.

Во соопштението на Министерството се додава дека бројот на терористите кои се предадоа во текот на оваа година само по пат убедување достигна до 206.



Слични вести