Хулуси Акар: Турската војска во најскоро време ќе ја започне својата задача во Азербејџан

Хулуси Акар: Турската војска во најскоро време ќе ја започне својата задача во Азербејџан

1531676
Хулуси Акар: Турската војска во најскоро време ќе ја започне својата задача во Азербејџан

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар заедно и со на началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер и командантите на родовите, командантот на копнените сили генерал на армија Умит Дундар, командантот на поморските сили адмирал Аднан Озбал и командантот на воздушните сили генерал на армија Хасан Кучукакјуз, како и замениците-министри за национална одбрана Шуајп Алпај и Мухсин Дере ја посети Турската воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ).

Овде министеро Акар и оние во негова придружба беа пречекани од страна на генералниот директор на ТУСАШ Темел Котил, претседателот на Управниот одбор Рафет Боздоган и другите високи функционери, кадешто беа информирани во врска со проектите коишто се реализираат. 

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во врска со претседателскиот документ за испраќање турска војска во Азербејџан истакна дека турската војска во најскоро време ќе замине на задача во Азербејџан.

„Како потреба на овој документ (оваа дозвола) турската војска Мехметчик во најскоро време ќе замине да ја исполнува својата задача. Во врска со тоа пак, особено нашите копнени сили ги завршија своите подготовки.“ - рече Акар.

Велејќи дека Азербејџанските вооружени сили покажувајќи голем успех ги вратија назад своите територии кои приближно 30 години како се наоѓаа под окупација на Ерменија, министерот Акар во врска со потпишаниот договор во врска со Карабах пак, го подвлече следното: „Има разговори коишто ги водиме со Русија. Направивме, правиме се што е неопходно по прашањето на одбраната на сите права и интереси на нашите азербејџански браќа.“

По состанокот министерот за национална одбрана Хулуси Акар и командантите на родовите направија увид на лице место на проектите чија реализација продолжува.



Слични вести