Во Турција за еден ден од Ковид-19 регистрирани 141 починат, 5.103 новозаразени
Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 141 лице, регистрирани се 5.103 новозаразени, оздравеа 3.019 пациенти; Досега починаа вкупно 12.084 лица, инфектирани се 435.273, а оздравеа 367.592 лица
1531566

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа се регистрирани 141 смртен случај.
Бројот на починатите од почетокот на епидемијата досега достигна до 12.084 лица.
Во изминатите 24 часа се направени 156.642 тестирања од кои се дијагностицирани 5.103 новозаразени.
Вкупниот број на регистрирани случаи на зараза од коронавирусот (Ковид-19) изнесува 435.273 лицa.
Со отпуштање од болница на уште 3.019 излекувани, вкупниот број на оздравени пациенти од Ковид-19 во Турција се зголеми на 367.592 лица.
Слични вести

Претседателот Ердоган: Ја продолжуваме изградбата на голема и силна Турција
Претседателот Реџеp Тајјип Ердоган истакна дека ја продолжуваат изградбата на голема и силна Турција