Во подрачјето на планината Џуди кај Ширнак се неутрализирани двајца терористи, а во Хаќќари се предаде еден терорист

Во реализирана операција во подрачјето на планината Џуди кај градот Ширнак се неутрализирани двајца терористи, а во градот Хаќќари по пат на убедување се предаде еден терорист

1531209
Во подрачјето на планината Џуди кај Ширнак се неутрализирани двајца терористи, а во Хаќќари се предаде еден терорист

Во реализирана операција поддржана од воздух во подрачјето на планината Џуди кај градот Ширнак, во југоисточниот дел на земјата, се неутрализирани двајца терористи.

Според објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи, во рамките на операцијата „Молња-1 Џуди шехид жандармериски постар наредник Мухаммед Ферди Ѓунтекин“ од страна на командоските и специјални единици на градската жандармериска команда е реализирана антитерористичка операција во подрачјето на планината Џуди кај градот Ширнак.

Во операцијата поддржана од воздух и од страна на Командата на воздушните сили, се неутрализирани двајца терористи.

Операциите во подрачјето продолжуваат.

Од друга страна, во едно друго објавено соопштение од Министерството за внатрешни работи се истакнува дека како резултат на активностите за убедување коишто се водат од страна на безбедносните сили во градот Хаќќари се предаде еден терорист на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во соопштението се вели дека како што е установено предадениот терорист и се приклучил на организацијата во 2004 година и водел активности во Ирак.

Во истото соопштение се додава дека на тој начин бројот на терористите, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК кои се предадоа по пат на убедување од 1 јануари досега достигна до 204.



Слични вести