Реакција од МНР на Турција против посетата на Помпео на една незаконска населба на Западниот Брег

Во објавеното писмено соопштение од турското Министерство за надворешни работи се подвлекува дека посетата на американскиот државен секретар Мајк Помпео на една незаконска населба на окупираниот Западен Брег претставува „крајно очаен чекор“

1530979
Реакција од МНР на Турција против посетата на Помпео на една незаконска населба на Западниот Брег

Турција остварената посета од страна на државниот секретар на Соединетите Американски Држави (САД) на една незаконска населба на Западниот Брег ја окарактеризира како „очајна“.

Во објавеното писмено соопштение од турското Министерство за надворешни работи се нагласува дека посетата на американскиот државен секретар Мајк Помпео којашто во рамките на посетата на Израел ја оствари на една израелска незаконска населба на окупираниот Западен Брег е во спротивност со резолуциите на Обединетите нации (ОН) на чело на резолуцијата број 2334 (2016 година) на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) чија постојана членка се и САД, а со која е регистрирано кршењето на меѓународното право со активностите на Израел за изградба на доселенички населби на окупираните територии на Палестина.

Во соопштението се подвлекува дека оваа посета на Помпео на една незаконска населба на окупираниот Западен Брег претставува „крајно очаен чекор“.

„Во позадината на оваа посета лежи целта да им се придаде легитимитет на незаконските активности на Израел на окупираните палестински територии. Овие видови неодговорно фрлени еднострани чекори не ќе можат да им наштетат на постоечките меѓународни параметри во однос на решавањето на израелско-палестинскиот спор, резолуциите на Обединетите нации (ОН) и на прватаа и слободите на палестинскиот народ.“ - стои во соопштението на МНР на Турција.

Во соопштението исто така се подвлекува дека овие видови однапред пресметани чекори се осудени на пораз и да останат без резултат, а воедно се додава следното: „Ќе продолжиме да ги браниме легитимните права на нашите палестински браќа коишто произлегуваат од меѓународното право и праведната кауза на Палестина.“



Слични вести