Претседателот Ердоган: Зајакнувајќи ги демократијата и правото, ќе ја зголемиме нашата економија

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа на приемот на делегацијата на Собранието на извозниците на Турција (ТИМ) истакна дека зајакнувајќи ги демократијата и правото, ќе ги заживееме инвестирањата и ќе ги зголеми нашата економија и вработувањето

1530956
Претседателот Ердоган: Зајакнувајќи ги демократијата и правото, ќе ја зголемиме нашата економија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа на приемот на делегацијата на Собранието на извозниците на Турција (ТИМ) истакна дека треба да се согледа и знае тоа оти пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) заедно со целиот свет на чело и со Европа, предизвика тешкотии и во Турција.

Претседателот Ердоган рече: „Турција, располага со секој вид прилика, можност и инфраструктура за проширување на својата сила и сфера на влијание во новиот глобален, политички и економски поредок.“

„И покрај сѐ оторено стои тоа дека со процесот на пандемијата управуваме дури и пред развиените земји. Се обидуваме да го продолжиме нашиот пат, со изнаоѓање на најидеалната рамнотежа помеѓу здравјето на нашиот народ и потребите на нашата економија. /.../ Веќе секој прифаќа дека во рамнотежите на глобалната, политичката и економската моќ, се доживува промена којашто би можела да се согледа само еднаш на 100 години. /.../ Зајакнувајќи ги нашата демократија, правата и слободите и правото, ќе ги заживееме инвестирањата и ќе ги зголемиме нашата економија и вработувањето.“ – порача претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.



Слични вести