Претседателот Ердоган: Одлучни сме да ја внесеме нашата земја во нов период на подем во економијата и демократијата

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, денеска во Саемскиот и конгресен центар ТУЈАП говореше на 18. Саем МУСИАД ЕКСПО (MÜSİAD EXPO) кадешто истакна дека се одлучни да ја внесат Турција во еден нов период на подем во економијата и демократијата

1531296
Претседателот Ердоган: Одлучни сме да ја внесеме нашата земја во нов период на подем во економијата и демократијата

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, денеска во Саемскиот и конгресен центар ТУЈАП во Истанбул говореше на 18. Саем МУСИАД ЕКСПО (MÜSİAD EXPO) кадешто истакна дека се одлучни да ја внесат земјата во еден нов период на подем во економијата и демократијата.

Претседателот Ердоган напомена дека како земја се обидуваат ѝ да се одбрани здравјето на народот ѝ да се обезбеди да продолжат без застој производството и вработувањето.

Појаснувајќи дека прават сѐ што е неопходно по прашањето на борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) и дека се фрлаат неопходните чекори во правец на препораките на научниците, Ердоган рече: „Одлучни сме искористувајќи ги на најправилен начин условите по прашањето овој процес да го претвориме во можност. И во период кога вториот бран на епидемијата го зафати целиот свет, ние релативно располагаме со подобар изглед.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган нагласи дека се одлучни да ја внесат Турција во еден нов период на подем во економијата и демократијата, а воедно го додаде следното: „Мораме да ја извадиме Турција од спиралата на каматата-инфлацијата-курсот. Каматата е причина. Инфлацијата е резултат. Тоа треба да го знаеме така. Правиме подготовки со коишто ѝ ќе ги зајакнат нашите економски политики ѝ ќе го зголемат нивото на нашата демократија и нашите слободи ѝ ќе доведат до релаксирање во секојдневниот живот на нашиот народ.“



Слични вести