Хулуси Акар: Турција е одлучна да стои покрај либискиот народ и Владата на национално единство

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека Турција е одлучна да стои покрај либискиот народ и Владата на национално единство, во формирањето на стабилна, мирољубива и просперитетна Либија

1531240
Хулуси Акар: Турција е одлучна да стои покрај либискиот народ и Владата на национално единство

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар, заедно и со специјалниот претставник на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) и за мисијата на ОН во Либија Стефани Вилијамс и либискиот министер за одбрана Селахадин Немруш, а во организација на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања (СЕТА); учествуваше на меѓународната конференција на тема „Либија“.

Министерот Хулуси Акар во говорот што го одржа преку видео-конференција истакна дека Турција е одлучна да стои покрај либискиот народ и Владата на национално единство, во формирањето на стабилна, мирољубива и просперитетна Либија.

Нагласувајќи дека Турција и Либија располагаат со 500 годишна заедничка култура и заедничка историја, Акар рече: „Нашата приоритетна цел е независна и суверена Либија со која ќе се управува од страна на Либијците и која ќе ги опфати сите Либијци без да се наруши територијалниот интегритет и националното единство.“

Тој потсети дека по интензивирањето на нападите на силите на Хафтар врз Триполи Владата на национално единство испрати писма до Соединетите Американски Држави (САД), Велика Британија, Италија, Алжир, Турција и НАТО и дека на ова пристигна позитивен одговор само од Турција.

„На основа на оваа покана и нашите билатерални договори им даваме поддршка во обука, соработка и консултантски услуги на легитимните владини сили во Либија.“ - рече Акар.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар нагласи дека поддршката на Турција ги смени правилата на играта, ја спречи човечката трагедија во околината на главниот град Триполи и помогна да се воспостави рамнотежа на теренот.

Нагласувајќи дека за да се воспостави мирот и стабилноста во Либија што поскоро мора да биде прекината целата надворешна помош којашто му се доставува на Хафтар, Акар рече: „Силите на Хафтар и странските платеници претставуваат голема закана за безбедноста, стабилноста и диломатските напори.“

 



Слични вести