Во подрачјето на операцијата „Шепа-Тигар“ во северниот дел на Ирак загинаа двајца турски војници

Министерството за национална одбрана соопшти дека во сообраќајна несреќа на воено возило во подрачјето на операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) во северниот дел на Ирак станаа шехиди (загинаа) двајца турски војници, а еден војник е ранет

1530239
Во подрачјето на операцијата „Шепа-Тигар“ во северниот дел на Ирак загинаа двајца турски војници

Во сообраќајна несреќа на воено возило во подрачјето на операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) во северниот дел на Ирак станаа шехиди (загинаа) двајца турски војници, а еден војник е ранет.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана (МНО или MSB) се истакнува дека во сообраќајна несреќа на воено возило што се случи во подрачјето на операција „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) во северниот дел на Ирак, на местото на несреќата стана шехид (загина) еден турски војник, а двајца војници беа ранети.

Ранетите војници веднаш беа префрлени на лекување во болница, но и покрај сите напори на лекарите еден војник им подлегна на раните и стана шехид (загина).

Во соопштението се вели дека на тој начин во несреќата станаа шехиди (загинаа) двајца војници, а еден војник е ранет.



Слични вести