Сочувство од Турција до Филипините за загинатите во тропските тајфуни
Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека се изразува сочувство до Филипините поради загинатите во поплавите и лизгањата на земјиштето предизвикани од тропските тајфуни
1530241

Турција го изразо своето сочувство до Филипините поради загинатите во поплавите и лизгањата на земјиштето предизвикани од тропските тајфуни.
Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи на Турција се истакнува следното: „Со жалење е дочекана веста дека во поплавите и лизгањата на земјиштето предизвикани од тропските тајфуни Молаве, Гони и Вамко на Филипините загинаа повеќе од 100 лица и е предизвикана голема штета и дека островот Лузон на којшто се наоѓа и главниот град Манила е прогласен за катастрофална област.“
Во соопштението се изразува искрено сочувство до блиските на жртвите, филипинскиот народ и владата, а на повредените им се посакува побрзо оздравување.
Слични вести
