„Сателитот Турксат 5А ќе го лансираме во декември, а Турксат 5Б во првата половина на 2021 година“

Министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу информира дека сателитот Турксат 5А (Türksat 5A) ќе биде лансиран во декември, додека сателитот Турксат 5Б (Türksat 5B) во првата половина на 2021 година

1530603
„Сателитот Турксат 5А ќе го лансираме во декември, а Турксат 5Б во првата половина на 2021 година“

Министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу во своето излагање пред Комисијата за планирање и буџет во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) кадешто беше разгледан буџетот на Министерството за планирање и буџет и поврзаните институции за 2021 година, истакна дека "новата ера на транспорт и комуникација" којашто започна во 2002 година во Турција продолжи со процесот на обнова и трансформација.

Велејќи дека оваа трансформација укажува на еден претенциозен процес фокусиран на еден целовит развој во сферите на транспортот и комуникацијата и обликуван со динамики на мобилност, дигитализација, логистика, нова, ефикасна и која има за цел светот да го интегрира кон оваа географија, Караисмаилоглу рече дека се водат обиди да се фокусира на оваа претенциозно цел и да се води земјата кон уште понапред. 

Министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу во своето излагање информира дека сателитот Турксат 5А (Türksat 5A) ќе биде лансиран во месец декември, додека сателитот Турксат 5Б (Türksat 5B) во првата половина на 2021 година.



Слични вести