Министерот Сулејман Сојлу: Бројот на терористите внатре во границата на земјата опадна на под 340

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу информира дека бројот на терористите внатре во границата на земјата опадна на под 340

1530813
Министерот Сулејман Сојлу: Бројот на терористите внатре во границата на земјата опадна на под 340

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу во говорот што го одржа на церемонијата на полагање од основните курсеви за пилот и техничари при Командата на жандармеријата во Анкара информира дека бројот на терористите внатре во границата на земјата опадна на под 340.

Сојлу истакна дека во последните 4 години по пат на убедување се предадени 824 терористи и дека заедно и со терористите кои се предале по сопствена желба и иницијатива оваа бројка достигна до 1.842.

Велејќи дека приклучувањето кон сепаратистичко-терористичката организација ПКК пак, од бројката од околу 5 илјади минатата година опадна на околу 130, додека оваа година на 52 терористи, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу додаде дека терористичката ПКК за една година, догодина ова време, ќе биде избришана од Турција.

Сојлу рече: „Тетратката на ПКК внатре во земјата, откако ќе пристигнеме до ова време догодина ќе биде затворена. Тоа е моето верување.“



Слични вести