Чавушоглу: По судирите во Тиграј во Етиопија турските граѓани се пренесени во главниот град Адис Абеба

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу соопшти дека турските граѓани кои останаа меѓу оган во вооружените судири коишто се водат во провинцијата Тиграј во Етиопија со преземени интензивни иницијативи се пренесени во главниот град Адис Абеба

1530338
Чавушоглу: По судирите во Тиграј во Етиопија турските граѓани се пренесени во главниот град Адис Абеба

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер со етикетата „Силна Турција на терен и на маса“ во врска со турските граѓани кои останаа меѓу оган во судирите во провинцијата Тиграј во Етиопија.

Чавушоглу соопшти дека турските граѓани кои останаа меѓу оган во вооружените судири коишто се водат во провинцијата Тиграј во Етиопија со преземени интензивни иницијативи се пренесени во главниот град Адис Абеба.

Велејќи „Во најскоро веме ќе ги испратеме кај нивните семејства во Турција“, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека остварил и телефонски разговор со турските граѓани кои останаа меѓу оган во судирите и притоа напомена дека Турција е постојано покрај нив.

Инаку, бунтовничките сили на Народноослободителниот фронт на Тиграј (TPLF) којшто управува со провинцијата Тиграј на 3 ноември извршија напад врз националните армиски единици, а потоа премиерот на Етиопија на 4 ноември соопшти дека е донесена одлука за започнување на воена операција против Народноослободителниот фронт на Тиграј (TPLF).



Слични вести