Во подрачјето на борбата против тероризмот Еуфратски штит неутрализирани уште шест терористи

Во Мардин беа приведени 3 сириски терористи кои во земјата влегле илегално преку сириската граница

1529827
Во подрачјето на борбата против тероризмот Еуфратски штит неутрализирани уште шест терористи

 

Во зоната на борбата против тероризмот Еуфратски штит во Сирија беа неутрализирани уште шест терористи на сепаратситичко-терористичката организација ПКК / ЈПГ кои се обидоа да се инфилтрираат во регионот.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Министерството за национална одбрана (МНО) беше истакнато следното:

„Во зоната на борбата против тероризмот Еуфратски штит, заедно со средствата за вооружена поддршка беа неутрализирани 6 терористи на ПКК / ЈПГ, кои се обидоа да се инфилтрираат со цел да ја нарушат атмосферата на мир и безбедност.

Од друга страна, во Мардин беа приведени 3 сириски терористи кои во земјата влегле илегално преку сириската граница и мешајќи се со семејства кои бараат азил, во име на терористичка организација сакаа да извршат сензационални напади во метрополите.

При претресот на пограничната област одкаде што поминаа терористите, беше запленета бомба-цевка скриена меѓу пелените во најлонска кеса. Терористите беа уапсени од судските органи на кои беа упатени.



Слични вести