Ердоган: „Влеговме во период кога реалноста за ТРСК ќе биде прифатена во регионот и во целиот свет“

Програмата што ја реализиравме (во затворениот Мараш/Вароша) е одраз на нашата решеност за преземање чекори што ќе овозможат отсега натаму регионот брзо да заживее

1529561
Ердоган: „Влеговме во период кога реалноста за ТРСК ќе биде прифатена во регионот и во целиот свет“

 

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече:

„Верувам дека влеговме во период кога реалноста за Турската Република Северен Кипар (ТРСК) ќе биде прифатена во регионот и во целиот свет“.

Претседателот Ердоган по состанокот на кабинетот одржан во главниот град Анкара одржа прес конференција.

Потсетувајќи дека за викендот престојуваше во посета на ТРСК, Ердоган рече:

„Програмата што ја реализиравме (во затворениот Мараш/Вароша) е одраз на нашата решеност за преземање чекори што ќе овозможат отсега натаму регионот брзо да заживее.

Поради антагонистичкиот став на Кипарско грчкото и Грчкото дуо, ние ги оставивме дискусиите во врска со бесмислените прашања и почнавме активности за изградба на нова иднина (на Кипар). Верувам дека влеговме во период кога реалноста на Турската Република Северен Кипар ќе биде прифатена во регионот и целиот свет“.



Слични вести