Бројот на оздравените од Ковид-19 во Турција се зголеми на 359.063

Почнувајќи од овој викенд во Турција се воиведува полициски час

1529590
Бројот на оздравените од Ковид-19 во Турција се зголеми на 359.063

 

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Турција во последните 24 часа достигна 103 и вкупно изнесува 11.697 лица.

Во истиот период беа остварени 156.692 тестови од кои 3.819 беа позитивни.

Со подобрувањето на здравствената состојба на уште 2.688 лица, вкупниот број на оздравените пациенти кои се отпуштени од болница изнесува 359.063.

Во меѓувреме, по состанокот на претседателскиот кабинет што се одржа во Анкара, претседателот Реџеп Таип Ердоган на прес конференцијата ги објави новите мерки за против епидемијата. Ердоган рече дека далечинското учење ќе продолжи до крајот на годината, за викендите во земјата ќе се воведе полициски час од 10.00-20.00 часот, работно време во деловните субјекти како што се трговските центри, супермаркетите, берберниците и фризерниците ќе биде ограничено со иста временска зона, сите спортски натпревари ќе се одржуваат без гледачи, кината ќе бидат затворени до крајот на годината, а рестораните ќе обезбедуваат само пакет услуги.



Слични вести