Турција остро реагираше на изградбата на нелегалните израелски населби во Палестина

На овој ден кога ја славиме 32-та годишнина од основањето на државата Палестина, уште еднаш потсетуваме дека палестинските територии им припаѓаат на палестинскиот народ

1528349
Турција остро реагираше на изградбата на нелегалните израелски населби во Палестина

 

Турција остро реагираше на изградбата на илегалните израелски населби во Палестина.

Во Соопштението кое беше објавено од страна на Министерството за надворешни работи беше истакнато:

„На овој ден кога ја славиме 32-та годишнина од основањето на државата Палестина, уште еднаш потсетуваме дека палестинските територии им припаѓаат на палестинскиот народ и ги покануваме сите земји членки на меѓународната заедница кои ја поддржуваат визијата која се заснова на решение на две држави да се спротивстават на агресивните активности на Израел.

Во соопштението потенцирано дека Израел, кој претходно одобри изградба на 108 дополнителни илегални населби во Источен Ерусалим, продолжува да го крши меѓународното право и да ги узурпира правата на палестинскиот народ, овојпат со одлуката за изградба на нова единица за илегално населување од 1.257 единици во близина на Источен Ерусалим.

Во соопштението беше наведено дека Израел преку градење дополнителни илегални населби меѓу Источен Ерусалим и Западниот брег, се обидува да спречи воспоставување на независна и суверена палестинска држава со географски интегритет.



Слични вести