Претседателот Ердоган во посета на Турската Република Северен Кипар (ТРСК)

Претседателот Ердоган на покана на претседателскиот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар денеска престојува во официјална посета на Лефкоша

1527921
Претседателот Ердоган во посета на Турската Република Северен Кипар (ТРСК)

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска престојува во посета на Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството, претседателот Ердоган на покана на претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар денеска престојува во официјална посета на Лефкоша.

Во рамките на посетата претседателот Ердоган ќе учествува на церемониите коишто ќе се одржат по повод одбележувањето на 37 годишнината од формирањето на Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

На разговорите коишто ќе се одржат помеѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и претседателот Ерсин Татар ќе бидат разгледани чекорите коишто би можеле да бидат фрлени за зајакнување уште повеќе на блиската соработка помеѓу Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК), а ќе бидат разменети и мислења во врска со Кипарската кауза и најновите случувања во Источниот Медитеран. 

Претседателот Ердоган во рамките на посетата се предвидува да ја отвори официјално и новоизградената Болница за итни случаи во Лефкоша.

 



Слични вести