Претседателот Ердоган во посета на Турската Република Северен Кипар по повод 37-годишнината од формирањето

Во рамките на церемониите на одбележувањето на 37-годишнината од формирањето на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), претседателот Ердоган учествуваше на церемонијата што се одржа пред Споменикот на Ататурк во Лефкоша

1528074
Претседателот Ердоган во посета на Турската Република Северен Кипар по повод 37-годишнината од формирањето

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска во рамките на церемониите по повод одбележување на 37-годишнината од формирањето на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) престојува во посета на Лефкоша.

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството, претседателот Ердоган престојува во официјална посета на Лефкоша на покана на претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар.

Во рамките на церемониите на одбележувањето на 37-годишнината од формирањето на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) претседателот Ердоган учествуваше на церемонијата што се одржа пред Споменикот на Ататурк во Лефкоша.

На церемонијата, двајцата претседатели Реџеп Тајјип Ердоган и Ерсин Татар поставија венец на Споменикот на Ататурк, а потоа беше оддадена почит и во придружба на интонирање на турската национална химна (Химната на Независноста) беа кренати на јарболот знамињата на Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

Потоа Ердоган и Татар се потпишаа во специјалната спомен книга.

На церемонијата, освен претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и претседателот Ерсин Татар, присуствуваа и претседателот на Републичкото Собрание на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Теберрукен Улучај, министри и пратеници на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), претседателот на Партијата за национално единство (МХП) Девлет Бахчели, членови на претседателскиот кабинет и пратеници од Турција, амбасадорот на Турција во Лефкоша Али Мурат Башчери, високи воени команданти, други високи функционери и голем број граѓани.

Претседателот Ердоган и делегацијата во негова придружба ја посети и затворената област Мараш којашто по изминати 46 години беше делумно отворена.

Од друга страна, на разговорите коишто ќе се одржат помеѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и претседателот Ерсин Татар ќе бидат разгледани чекорите коишто би можеле да бидат фрлени за зајакнување уште повеќе на блиската соработка помеѓу Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК), а ќе бидат разменети и мислења во врска со Кипарската кауза и најновите случувања во Источниот Медитеран. 

Претседателот Ердоган во рамките на посетата се предвидува да ја отвори официјално и новоизградената Болница за итни случаи во Лефкоша.

 



Слични вести