Претседателот Ердоган: Кипарските Турци живеат на своите територии со исправена глава, достоинствени и слободни

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа на церемонијата по повод 37-годишнината од формирањето на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) истакна дека кипарските Турци живеат на своите територии со исправена глава, достоинствени и слободни

1528059
Претседателот Ердоган: Кипарските Турци живеат на своите територии со исправена глава, достоинствени и слободни

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој по повод одбележувањето на 37-годишнината од формирањето на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) престојува во официјална посета на Лефкоша овде говореше на парадата што се одржа во рамките на церемонијата на булеварот „Д-р Фазил Ќучук“.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својот говор истакна дека кипарските Турци живеат на своите територии со исправена глава, достоинствени и слободни.

„И покрај бројните напади против нивното постоење кипарските Турци Хамдолсун (фала му на Аллах-Бога) живеат на своите територии со исправена глава, достоинствени и слободни. И покрај толку многуте зулуми, измачувања, предавства, никако не дозволивме да падне нашето знаме за борба. Со епската борба на нашите муџахедини и турската војска (Мехметчик) стигнавме до победа.“ - рече Ердоган.

Претседателот Ердоган истакна дека претставува приоритет да се изнајде одржливо решение за Кипарското прашање на начин со којшто ќе се воспостават легитимните права и безбедноста на кипарскиот турски народ.

Велејќи „Денеска на Кипар има два одделни народи, две одделни држави“, Ердоган рече: „Треба да се преговара за решение со две држави на основа на суверена еднаквост.“ 

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган исто така истакна дека не е можно да се воспостави партнерство со кипарските Грци на Кипар кое во 1963 година беше прекршено со сила на оружје, а во 1974 година беше укинато со воениот удар на воената хунта на Грција. 

„Во Кипарското прашање постои еден оштетен, а тоа се кипарските Турци кои со години се игнорираат (сметаат за ништовни) и чии права се насилсно одземени.“ - рече Ердоган.

Во врска со јаглероводородните извори пак, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својот говор го подвлече следното: „Ѝ кај нас како гаранторска земја ѝ кај Турската Република Северен Кипар (ТРСК) веќе не остана трпение пред диломатските игри.“

Велејќи дека воедно и целта на чекорот којшто е фрлен во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) во областа Мараш не е да се создадат нови оштетувања, туку напротив да се овозможи да бидат надминати постоечките оштетувања.

„Со ниту една равенка во која праведно нема да учествуваат нашата земја и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) не може да се воспостави мир и стабилност во Источниот Медитеран.“ - порача претседателот Ердоган.



Слични вести