Честитки од претседателот Ердоган и потпретседателот Октај по повод 37-годишнината од формирањето на Турската Република Северен Кипар

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и потпретседателот Фуат Октај на своите профили на социјалната мрежа Твитер споделија објави по повод 37-годишнината од формирањето на Турската Република Северен Кипар (ТРСК)

1528114
Честитки од претседателот Ердоган и потпретседателот Октај по повод 37-годишнината од формирањето на Турската Република Северен Кипар

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и ја честиташе на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) 37-годишнината од нејзиното формирање.

Претседателот Ердоган во пораката со честитка што ја сподели на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „Со најискрени желби и ја честитам на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) 37-годишнината од нејзиното формирање, со благодарност се сеќавам на нашите честити шехиди (паднати борци) и нашите јуначки газии (ветерани).“

Потпретседателот Фуат Октај на својот профил на социјалната мрежа Твитер исто така сподели објави по повод 37-годишнината од формирањето на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и во пораката го напиша следното: „Со милост се сеќавам на нашите честити шехиди (паднати борци) кои ги положија своите животи за формирањето на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и нејзиното достигнување до денеска, со благодарност до нашите јуначки газии (ветерани). Со искрени желби ја честитам 37-годишнината од формирањето на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) со која е прогласено до целиот свет сувереното постоење на кипарските Турци.“



Слични вести