Честитка од Министерството за национална одбрана по повод 37-годишнината од формирањето на Турската Република Северен Кипар (ТРСК)

Министерството за национална одбрана ја честита 37-годишнината од формирањето на Турската Република Северен Кипар (ТРСК)

1527996
Честитка од Министерството за национална одбрана по повод 37-годишнината од формирањето на Турската Република Северен Кипар (ТРСК)

Министерството за национална одбрана ја честита 37-годишнината од формирањето на Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува следното: „Нека е честита годишнината од формирањето на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) која пред 37 години ја детерминира сопствената судбина и ја прогласи својата независност и слобода.“

Во соопштението се нагласува и следното: „Турција онака како што во 1974 година застана покрај своите браќа кипарските Турци, така и денеска со истиот дух е покрај кипарските Турци.“

Инаку, во согласност со меѓународните договори коишто се потпираа на партнерството помеѓу Турците и Грците, како два народа на Кипар, во 1960 година на островот беше формирана „Кипарската Република“.

Меѓутоа, нападите и ембаргата коишто кипарските Грци ги извршуваа и спроведуваа против Турците на островот продолжија со постојано зголемување во периодот помеѓу 1963 и 1974 година.

Воедно и воената хунта која изврши пуч во Грција во 1967 година и ја презеде власта во земјата, почна да извршува напади против Турците на Кипар.

По ваквиот развој, Турција во согласност со нејзиното право на интревенција која произлегуваше од постигнатите договори, со цел да се обезбеди безбедноста на кипарските Турци на 20 јули 1974 година ја реализира мировната операција на Кипар.

На тој начин, беше спречена анексијата на Кипар кон Грција, а воедно беше воспоставена и безбедноста на кипарскиот турски народ на островот.

По успешната реализација на мировната операција на 13 февруари 1975 година беше формирана Кипарската Турска Федерална Држава.

Собранието на Кипарската Турска Федерална Држава на 15 ноември 1983 година едногласно ја усвои декларацијата за формирање и независност на Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

Со формирањето на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) беше прогласено правото на кипарскиот турски народ за селф-детерминација т.е. своето право за определување на сопствената судбина.

 



Слични вести