Завршија техничките разговори помеѓу воените делегации на Турција и Русија во Анкара

Министерството за национална одбрана соопшти дека во Анкара завршија техничките разговори помеѓу воените делегации на Турција и Русија посветени на активностите коишто ќе се реализираат по прекинот на огнот во Нагорно Карабах, помеѓу Азербејџан и Ерменија

1527691
Завршија техничките разговори помеѓу воените делегации на Турција и Русија во Анкара

Завршија техничките разговори помеѓу воените делегации на Турција и Русија коишто се водеа во текот на два дена (вчера и денеска) во однос на активностите коишто ќе се реализираат по постигнатиот прекин на огнот во Нагорно Карабах, помеѓу Азербејџан и Ерменија.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана (МНО или MSB) се истакнува дека во Министерството се остварени технички разговори помеѓу воените делегации на Турција и Русија посветени на активностите коишто ќе се реализираат по прогласениот прекин на огнот во Нагорно Карабах и дека воедно беше разгледана и ситуацијата во Сирија.

Во соопштението се вели следното: „Завршени се техничките разговори помеѓу воените делегации на Турција и Русија во Министерството за национална одбрана. Разговорите се планира да продолжат во наредните денови.“

 



Слични вести