Започната нова антитерористичка операција „Молња-15 Мутки-Сарпкаја“ кај градот Битлис

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е започната нова антитерористичка операција „Молња-15 Мутки-Сарпкаја“ (Yıldırım-15 Mutki-Sarpkaya) кај градот Битлис во која учествуваат 48 оперативни тимови составени од 816 припадници на безбедносните сили

1527605
Започната нова антитерористичка операција „Молња-15 Мутки-Сарпкаја“ кај градот Битлис

Од страна на Министерството за внатрешни работи е започната нова антитерористичка операција „Молња-15 Мутки-Сарпкаја“ (Yıldırım-15 Mutki-Sarpkaya) кај градот Битлис.

Според објавеното соопштение од Министерството, од страна на градската команда на жандармеријата во Битлис е започната операцијата „Молња-15 Мутки-Сарпкаја“ (Yıldırım-15 Mutki-Sarpkaya) со која се има за цел да се елиминираат способностите за делување и потрагите за засолнување на сепаратистичко-терористичката организација ПКК пред да настапи зимата, како и да се елиминира целосно присуството на терористите внатре во границите на земјата и да се обезбеди терористичката организација уште еднаш да не се здобие со способност за комуникација во земјата, а која што е прекината.

Во оваа антитерористичка операција учествуваат 48 оперативни тимови составени од 816 припадници на безбедносните сили.

Инаку, во рамките на операциите „Молња“ коишто се започнати од 13 јули и со кои се има за цел целосно елиминирање на терористите внатре во границите на земјата, досега се неутрализирани вкупно 143 терористи, фатени се 74 соработници, уништени се 251 пештера, засолниште, скривница и складишта, а се запленети и големи количини оружје и муниција и материјали за храна и обезбедување на животните потреби на терористите.



Слични вести