Турција ќе продолжи да им ја доставува потребната поддршка на Турците Ахиска

Министертсвото за надворешни работи на Турција објави писмено соопштение по повод одбележувањето на 76. годишнина од испраќањето во прогонство на Турците Ахиска од нивната татковина Ахиска во Грузија

1527626
Турција ќе продолжи да им ја доставува потребната поддршка на Турците Ахиска

Турција ќе продолжи да им ја доставува потребната поддршка на Турците Ахиска.

Министертсвото за надворешни работи на Турција објави писмено соопштение по повод одбележувањето на 76. годишнина од испраќањето во прогонство на Турците Ахиска од нивната татковина Ахиска.

Во соопштението се потсетува дека приближно 100 илјади сонародници Турци Ахиска на 14 ноември 1944 година од нивната сопствена татковина областа Ахиска во Грузија се испратени во прогонство во далечни места во тогашниот Советски сојуз.

Се истакнува дека Турците Ахиска кои се распространети на една пространа географија дури од Соединетите Американски Држави (САД) до Киргистан, во 9 различни земји на светот и чиј број изнесува 500 илјади, никогаш не ги заборавија болките коишто ги претрпеа и значењето да бидат обединети.

Во соопштението се вели дека Турците Ахиска и покрај тешките услови во текот на долги години успеаја да го зачуваат својот национален идентитет и да ги пренесат своите културни наследства на новите генерации.

„Како досега така и во иднина ќе продолжиме да го следиме одблизу процесот на враќање назад на Турците Ахиска во својата татковина и да им ја доставуваме потребната поддршка на нашите сонародници. Ги споделуваме болките на нашите браќа Турци Ахиска кои беа испратени во прогонство, без притоа да се прави разлика меѓу стари, жени, деца. На одбележувањето на 76-тата годишнина од испраќањето во прогонство на Турците Ахиска од нивната татковина, се сеќаваме со почит и милост на оние кои ги загубија своите животи.“



Слични вести