Претседателот Ердоган: Започнуваме нова мобилизација во економијата, правото и демократијата

Претседателот Ердоган истакна дека се започнува нова мобилизација во економијата, правото и демократијата

1527745
Претседателот Ердоган: Започнуваме нова мобилизација во економијата, правото и демократијата

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска од дворецот Вахдеттин во Истанбул преку лин во живо учествуваше на 7-мите редовни Конгреси на градските ограноци на својата владејачка Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) во градовите Карс и Караман.

Претседателот Ердоган истакна дека се започнува нова мобилизација во економијата, правото и демократијата.

„Денеска веќе постои Турција која им влева доверба, надеж, воодушевување на нашиот народ и на сите наши пријатели.“ - рече Ердоган.

Осврнувајќи се и на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го рече следното: „Од нашиот народ очекувам со чувствителност да се придржува кон мерките коишто ги ставаме во примена за борба против епидемијата во овој критичен период. Доколку не се придржуваме кон правилата и не можеме самите да го одбраниме своето здравје можеме да се соочиме со тешкотии во носењето на овој товар.“



Слични вести