Од Текирдаг за Европа свечено испратен првиот товарен воз за извоз
На церемонијата на свеченото испраќање на првиот товарен воз за извоз од Текирдаг за Европа учествуваше и претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп.

Вчера од градот Текирдаг свечено беше испратен за Европа првиот товарен воз за извоз.
На церемонијата на свеченото испраќање учествуваше и претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп.
По свеченото испраќање на товарниот воз за извоз од железничката станица Медлог во Текирдаг за Бугарија, Мустафа Шентоп го истакна следното:
„Возот за извоз, во еден ваков значаен ден на 13 ноември денот на ослободување на Текирдаг тргна на транзитно патување кон Бугарија. Нашиот воз за извоз којшто ќе обезбеди голема корист во развојот на нашиот град и нашата земја посакувам да биде аирлија (за доброто) и среќно за нашата земја.“
Со возот за извоз ќе се стави крај на гужвите коишто се доживуваат на граничните премини и на тешкотиите на царините.
Со транзитното патување на товарниот воз за извоз се предвидува да се стави крај и на загубата од девизи.
Возот за извоз којшто ги започна своите патувања со пренесување на 27 приколки товар се има за цел да достигне до пренесување на товар од 300 приколки.
Слични вести

Претседателот Ердоган: Ја продолжуваме изградбата на голема и силна Турција
Претседателот Реџеp Тајјип Ердоган истакна дека ја продолжуваат изградбата на голема и силна Турција