Министерот за национална одбрана Акар се состана со својот либиски колега Немруш во Истанбул
Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, на средбата помеѓу двајцата министри за одбрана Хулуси Акар и Селахадин Немруш во Истанбул беа разменети мислења во врска со најновите случувања во Либија

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар се состана со либискиот министер за одбрана Селахадин Немруш.
Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, на средбата помеѓу двајцата министри за одбрана Акар и Немруш во Истанбул беа разменети мислења во врска со најновите случувања во Либија.
Министерот Хулуси Акар, на средбата истакна дека се следат одблизу разговорите коишто се водат за политичко решение и дека целта на Турција е да се придонесе во формирањето на Либија која ќе го воспостави територијалниот интегритет и политичкото единство и која ќе живее во мир, спокојство и стабилност.
Освен тоа, министерот за национална одбрана Хулуси Акар напомена дека Турција ќе продолжи да им доставува поддршка на своите либиски браќа во обука, доставување помош и консултантство во воената сфера и безбедноста и дека ја поддржува стабилна, независна и суверена Либија.