Претседателот Ердоган: Сега е попотребно од било кога досега да се постигнат целите на Турција за 2023 година

Претседателот Ердоган истакна дека сега е попотребно од било кога досега да се постигнат целите на Турција за 2023 година (на одбележувањето на 100-годишнината од формирањето на Републиката)

1527429
Претседателот Ердоган: Сега е попотребно од било кога досега да се постигнат целите на Турција за 2023 година

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска во градот Текирдаг говореше на 7. редовен Конгрес на градскиот огранок на својата владејачка Партија за правда и развој АКП (АК Партијата).

Претседателот Ердоган истакна дека сега е попотребно од било кога досега да се постигнат целите на Турција за 2023 година (на одбележувањето на 100-годишнината од формирањето на Републиката).

Ердоган нагласи дека Турција со нејзиниот достоинствен став во надворешната политика е земја чиј збор се слуша во регионот и во светот.

Велејќи дека се поминува низ еден критичен период кога се ставаат во примена сите злобни сценарија од оние кои гајат претензии кон татковинските територии до оние кои се обидуваат да создадат непријателство меѓу народот, претседателот Ердоган рече дека сите овие игри се расипани. 

„Сега е попотребно од било кога досега да се постигнат целите на Турција за 2023 година.“ - порача Ердоган.

Подвлекувајќи го и тоа дека е започнат нов реформски период во правото и економијата, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Започна позитивна раздвиженост на берзите. Упатувам нов повик за инвестирање до домашните и меѓународните инвеститори. Продолжуваат нашите подготовки во врска со новиот реформски пакет.“

Претседателот Ердоган потоа говореше на церемонијата на отворање на градската болница во градот Текирдаг и овде се осврна на работите за вакцината против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

„Ние како Турција ги водиме повеќестрано нашите активности особено по прашањето на вакцината. Од една страна ги водат своите активности Русија, Кина и Германија кадешто во оваа работа се вклучени и наши двајца браќа Турци. Од една страна Англија, продолжуваат нашите заедничпки активности со сите. Произведената вакцна треба да биде заедничканна целото човештво, не треба да се жртвува за амбициите на компаниите за профит.“ - рече претседателот Ердоган.

 



Слични вести