Ердоган оствари телефонски разговор со Ел Калифа

Ердоган изрази надеж дека поттикнувањето на развојот на односите ќе одиграат значајна улога во надминувањето на тешкотиите и заедничките проблеми со кои се соочуваат во регионот

1526837
Ердоган оствари телефонски разговор со Ел Калифа

 

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган оствари телефонски разговор со кралот на Бахреин, Хамад Ибн Иса Ал Калифа.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Дирекцијата за комуникации беше истакнато дека претседателот Ердоган на кралот му изрази сочувство за починатиот премиер на Бахреин, принцот Калифа Ибн Салман Ал Калифа, слава и покој на душата, како и сочувство на роднините на починатиот премиер и народот на Бахреин.

На разговорот на кој беа разменети мислења и за прашањата за поттикнување на односите меѓу Турција и Бахреин, Ердоган посочи на долгата историја меѓу земјите од Заливот и Турција, изразувајќи надеж дека поттикнувањето на развојот на односите кои се засноваат на човечки и културни врски, ќе одиграат значајна улога во надминувањето на тешкотиите и заедничките проблеми со кои се соочуваат во регионот.



Слични вести