Бродот „Кануни“ испратен во Црното Море

Се стекнавме со надежни резултати и наскоро ќе оствариме нови истражувања во ова поле

1527157
Бродот „Кануни“ испратен во Црното Море

 

Третиот турски брод за дупчење „Кануни“ (Законодавецот) од пристаништето Хајдарпаша во Истанбул беше испратен во Црното Море.

На свеченото испраќање на бродот „Кануни“ учествуваше и министерот за енергетика и природни ресурси Фатих ДОнмез.

Во говорот во оваа прилика во врска со активностите во Црното Море, министерот Донмез рече:

„Бродот за дупчење „Фатих“ по истражувањата во гасното поле Туна-1, во гасното поле Туркали-1 во Сакарја започна со нови истражувања и моментално се спуштивме на длабочина од 2.600 метри. Бродот „Јавуз“ ги заврши сондажните истражувања на длабочина од 6.000 метри. Се стекнавме со надежни резултати и наскоро ќе оствариме нови истражувања во ова поле“.

Додека се очекува да се обезбедат дополнителни информации за постојните резерви и производниот потенцијал со тестовите што треба да се спроведат во изворот Туркали-1 и во изворот во рамките на гасното поле Сакарија, студиите на овој извор исто така ќе овозможат подобро разбирање на гасниот потенцијал на ова поле.

На тој начин, изворот Туркали-1 ќе биде еден од првите извори за откривање што ќе ги ископа бродот за дупчење „Фатих“ и ќе одигра важна улога во разјаснувањето на техничките карактеристики на локацијата.

Додека „Фатих“ ги отвора изворите за откривање на гасното поле Сакарија каде што беше откриен гас, „Кануни“ ќе ги спроведе тестовите на изворите и ќе обезбеди да се добијат потребните податоци за развој на ова поле.

Во рамките на активностите во Црното Море во Турција вкупно ќе се отворат 40 производствени извори.



Слични вести