Борбата на Турција против Ковид-19: Регистрирани 93 починати, 3.045 новозаразени, 2.010 оздравени

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 93 лица, регистрирани се 3.045 новозаразени, оздравеа 2.010 пациенти; Досега починаа вкупно 11.316 лица, инфектирани се 407.939, а оздравеа 348.804 лица

1527505
Борбата на Турција против Ковид-19: Регистрирани 93 починати, 3.045 новозаразени, 2.010 оздравени

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа се регистрирани 93 смртни случаи.

Бројот на починатите од почетокот на епидемијата досега достигна до 11.326 лица.

Во изминатите 24 часа се направени 149.942 тестирања од кои се дијагностицирани 3.045 новозаразени.

Вкупниот број на регистрирани случаи на зараза од коронавирусот (Ковид-19) изнесува 407.939 лицa.

Со отпуштање од болница на уште 2.010 излекувани, вкупниот број на оздравени пациенти од Ковид-19 во Турција се зголеми на 348.804 лица.



Слични вести